Ревија на народни носии – Етно фолк студио
Со свечена фолклорна манифестација, Центарот за истражување и одржување на традицијата – Етно фолк студио, вечерва во Занаетчиски дом – Куманово, одбележа пет години од своето постоење.
Публиката имаше можност да проследи ревија на народни носии, збогатена со традиционални песни и ора.
Настапија интертпретатори на народни песни, членови од фолклорниот ансамбл ДМФА “Срма” – Куманово, ученици и наставници од УОМО “Панче Пешев” – Куманово, оркестарот “Чалгаџии” – Скопје и домаќините од Етно фолк студио.
На настанот присуствуваа претседателката и членови на Советот на Општина Куманово.