Посета на претставници од КУД “Истанбул” на Општина Куманово
Секретарот на Општина Куманово, Александар Гелевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, денеска беа домаќини на делегација од Истанбул, Турција, предводена од Булент Јалчин Кара, советник на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу и претседателот на КУД “Истанбул”, Илкер Зулам.
Во пријателска атмосфера беше потенцирана досегашната успешна соработка и беа разменети нови идеи и предлози за идни проекти од областа на културата.