Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Трето издание на меморијален женски ракометен турнир “Јасмина Голубовиќ”

Во знак на спомен и почит кон ликот и делото на кумановската ракометна легенда Јасмина Голубовиќ, беше одигран Меморијален женски ракометен турнир, во спортската сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово.
На турнирот учествуваа пет екипи на ракометни ветеранки: ЖРК Куманово, “Жито Македонија” – Куманово, “Стружанка” – Струга и ракометарки од Гевгелија и Богданци.
Беа доделени симболични награди и признанија за најдобрите учеснички на турнирот.
Спортската манифестација беше во организација на Здружението на ракометни ветеранки ЖРК Куманово – активен состав, со поддршка на Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК.
Дел од публиката беа и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст