Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прием на наградени гимназијалци во Општина Куманово

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, заедно со секретарот Александар Гелевски и раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ, денеска ги примија наградените ученици и нивните ментори од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово и им упатија честитки за постигнатиот успех на државно ниво.
Ученичките Нела Ивановиќ и Симона Додевска, под менторство на професорот Костадин Димитриевски, освоија прво место на републичкиот натпревар по физика: Наноматеријали – материјали на иднината, на Техничко – металуршкиот факултет во Скопје, под покровителство на МОН.
Се наптреваруваа во кокуренција на 13 екипи од земјава, кои изборија учество по одржаните регионални натпревари.
На државна олимпијада по германски јазик, која се одржа на Гете Институт во Скопје, гимназијалката Маша Марковска ја освои првата награда, под менторско водство на проф. д-р Габриела Додевска.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст