ООУ “Браќа Рибар” – с.Табановце го прослави патрониот празник
Со културно – уметничка програма под мото: “На дијалект зборуваме и се смееме, минатото да го оживееме”, учениците и наставниците од ООУ “Браќа Рибар” – с.Табановце, го одбележаа својот патронен празник.Пред присутните се претставија со пригоден рецитал, песна и игра, со осврт кон минатото и традицијата, нагласувајќи ја важноста на дијалектот, кој е одлика на корените од кои потекнуваме.На свечениот настан присуствуваа претставници од општинската администрација, предводени од раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ.