Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Учесници на Денс фест 2024 Куманово на прием кај градоначалникот Димитриевски

Во пригодна атмосфера, денеска градоначалникот на Општина Куманово, оствари средба со учесници и организатори на културната манифестација Денс фест 2024 Куманово.

Гостите од танцовиот клуб “Feel”- Вараждин, збратимена општина од Хрватска, на градоначалникот Максим Димитриевски, му пренесоа посебен поздрав од нивниот градоначалник, во име на пријателската соработка.
Кумановското Денс студио МАК, како достоен репрезент на модерниот балет, е познато по бројните учества и признанија на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер – Feel dance competition во Вараждин и организатор на манифестацијата во Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст