Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Делегација на МКК Куманово на прием кај градоначалникот Димитриевски

Дека Куманово е спортски град, расадник на шампиони – потврдува и шампионската титула на МКК Куманово. Koшаркарите без пораз, триумфираа во изминатава сезона (2023/24 година), во втората национална кошаркарска лига и се изборија за пласман во елитното друштво, во првата македонска лига.
По тој повод денеска во кабинетот на градоначалникот присуствуваа претставници од раководството на клубот, легендарниот тренер Марин Докузовски и спортскиот директор Андреја Маџовски, кои искажаа благодарност за поддршката од Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст