Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Волшебната шума” – претстава за деца

Завршната приредба на малите артисти, балерини и пејачи, членови на здружението кое се занимава со музика и танц “Скил фектори” – Куманово, се одржа вечерва во Занаетчиски дом.
Пред љубителите на драмската уметност, беше одиграна претставата за деца “Волшебната шума”, во организација на центар за креативен детски развој “Перципио” и здружението “Скил фектори” (Skill factory), под водство на Бојана Кимевска, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово.
Детското креативно студио обработува теми од познатите бајки “Лавот и глушецот” и “Штурецот и мравката” (за разлика од оригиналот, во овие адаптации станува збор за множина – глувци и мравки, бидејќи учествуваат околу 70 деца), со пет кореографии, две сцени и една авторска песничка.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст