Традиционален годишен концерт на КУД “Српски вез”
Ансамблот на културно уметничкото друштво “Српски вез”, со пригодна културно – уметничка програма, вечерва се претстави пред публиката во салата на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово.
На оваа манифестација, која се организира по единаесетти пат, учествуваа и АНИП “Веселин Маслеша” – Бања Лука и ФС “Етнос” – Скопје.
Членовите на КУД “Српски вез”, уште еднаш покажаа дека се достојни чувари на традицијата и културните вредности.