Детски ликовен камп “АСНОМ” – Куманово 2024
Четиринаесеттото издание на детскиот ликовен камп заврши денеска, во ресторанот Грација во Куманово, каде беа изложени сите настанати уметнички дела.
Традиционалната ликовна манифестација е во организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
На четиридневниот камп учествуваа 30 талентирани ученици од општинските основни училишта, селектирани од нивните наставници.
Во ликовното творење беа вклучени и корисниците на Дневен центар – “Порака наша”од Куманово.
Учесниците имаа можност своите креативни дела да ги изработат во неколку техники (сликарство, монотипија и дизајн во областа на популарната уметност), под менторско водство на Симона Јакимовска и Елена Спасовска – Радошевиќ, ангажирани од Фондацијата.
Детскиот ликовен камп “АСНОМ”– Куманово 2024, го посетија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски,претседател на Совет на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и Амбасадорката на САД во РСМ, Анџела П. Агелер.