Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Денот на независноста на Македонија поттик за остварување на зацртаните цели на патот за развој и просперитет

Денеска на Спомен костурница свечено беа одбележани 33 години самостојна и суверена Македонија. Во знак на почит кон вековнитеидеали на нашите предци, свежо цвеќе положија делегации на општина Куманово и Совет на Општината, Сојуз на борци од НОБ и антифашистичката војна на МакедонијаОпштински одбор Куманово, ЗАПВАРС, Армијана РСМ, претставници на Собрание и Влада наРСМ, МВР, општински основни и средни училишта, јавни претпријатија и институции, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии.

Во чест на 8 Септември  Ден на независноста на  нашата држава, пред присутните со празничен говор се обрати претседателката на Совет на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, по што следуваше пригодна културноуметничка програма.


Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст