Посета на средношколци на Општина Куманово
Средношколците од Куманово, членови на Почетниот „Учиме право“ клуб при Младински Образовен Форум, денес беа на средба со Градоначалникот Максим Димитриевски во Општина Куманово.
Од Младинскиот Образовен Форум истакнаа дека е од суштинска важност да постои граѓански активизам кај младите и развиено чувство за акции за позитивни промени во локалната заедница и дека истото може да се постигне и преку запознавањето со работата и надлежностите на органите на единицата на локалната самоуправа и давањето прилика на учениците да се запознаат со оние кои ги претставуваат. Градоначалникот Димитриевски преку разговор ги охрабри младите секогаш да имаат визија за успех и јасно дефинирани цели за личен и професионален развој.