Акција за чистење по повод Меѓународниот ден на животната средина
Одделението за заштита на животна средина и природата при Општина Куманово, во соработка со Канцеларијата за млади, здружението “Кумановски акцијаши”, со поддршка на ЈП “Чистота и зеленило” – Куманово, организира еколошка акција за чистење по повод 5 јуни – Меѓународен ден на животната средина. Акцијата за чистење е дел од проектот “Куманово, мој зелен дом” и ќе се изведе на 5 јуни (понеделник) со почеток во 09 часот, на локалитетот Спомен Костурница, Куманово.