Осумнаесетто издание на фестивалот “Распеано детство 2023”
Фестивалот на детска песна “Распеано детство 2023”, кој се совпадна со одбележувањето на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, се одржа во МКЦ, во организација на здружението “Ризница”- Куманово. Пред многубројната публика, која на двапати ја наполни салата, настапија 18 деца од три држави: Македонија, Србија (Бујановац и Крушевац) и Бугарија (Ќустендил). Се интерпретираа песнички на македонски, албански, српски и бугарски јазик, со што фестивалот доби интернационален карактер. Покровители на осумнаесеттото издание на оваа музичка манифестација, се Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.