Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Трет меѓународен боксерски турнир – “Мирослав Петровиќ

Во Куманово се одржа трето издание на меѓународниот боксерски турнир – “Мирослав Петровиќ”.

Организацијата е на боксерскиот клуб “Куманово”, во соработка со Општински сојуз на спортови – Куманово, со поддршка на Националната боксерска федерација и Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

Покровител на боксерскиот турнир е Општина Куманово

На дводневното натпреварување учествуваа спортисти во јуниорска и сениорска конкуренција од Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Република Српска, Словенија, Бугарија, Австрија, Германија, и Молдавија.

Натпреварите се одржаа во спортската сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово.

На турнирот присуствуваа претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст