Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“По стапките на Карпош” – промоција на збирка песни

 

“Во Занаетчиски дом – Куманово, вечерва беше промовирана стихозбирката “По стапките на Карпош”, во организација на ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски”, со поддршка на Општина Куманово.

Песните во оваа збирка се изберени на наградниот конкурс, на кој учествувале млади и талентирани литературни творци до 30 годишна возраст.
Целта на овој проект кој се одвиваше во неколку етапи, е поттикнување на младите генерации да истражуваат за ликот и делото на легендарниот командант од НОБ, народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, да се запознаат со славната историја на родниот град и да се мотивираат на креативно творештво.
На промоцијата беа прогласени најдобрите литературни и ликовни творби.
Публиката имаше можност да проследи проекција на документарен филм, подготвен од ученици и наставници од ООУ “Христијан Карпош” – Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст