Амбасадор на Шпанија во посета на општина Куманово
На иницијатива на Europe House Скопје, амбасадорот на Шпанија Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, денеска ја посети општина Куманово, при што ствари средба со претседателката на советот и секретарот на општина Куманово. На средбата се разговараше за тековните активности и проекти на општина, а се стави акцент на поактивно вклучување на младите во донесување и спроведување на одлуките. Претходно амбасадорот имаше средба со претставници од локалниот младински центар „Мулти Култи„ Куманово, на која се разговараше за функционирањето на локалните младински совети и потребите на младите од Куманово. Локалните младински совети имаат улога на советодавни тела на Советите на општините, а нивната цел е да ги вклучат младите во јавниот живот на општината и да обезбедат учество во процесите на донесување одлуки поврзани со младите. Куманово е дел од градовите во кои се организираше настан од ваков тип.