80 години од излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред
Денеска со полагање на цвеќе,на местото Цекова бавча (Спортска сала) се одбележаа 80 години од излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред. На одебележувањето присуствуваа делегација од Сојуз на борци, секретарот на општината, претседателката на Совет и претставници од АРМ. Настанот беше збогатен со музичка изведба на децата од детската градинка „Ангел Шајче“.