Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Безбедно лето за сите деца

Општински Совет за детско претстапништво и отсек за превенција од СВР Куманово, организираше ликовен натпревар во општина Липково. На натпреварот учествуваа ученици од четврто, петто и шесто одделение од основните училишта. Мото на настанот беше „Безбедно лето за сите деца„, се со цел децата од сите категории да се вклучат во игра, забава, спортување и меѓусебно дружење и почитување на различности, за сигурна и безбедна зедница каде учат и живеат. Комисија од пет члена, составена од професори по ликовно воспитување одлучија прво место да е за ученик од ООУ „Крсте Мисирков„, второ за ООУ„Битолски конгрес„ и трето за ООУ „Браќа Рибар„ село Табановце.Ваквите активности, настани и игри за деца ќе продолжат и во наредниот период, а со отпочнување на школската година ќе бидат организирани и настани за деца од прво, второ и трето одделение.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст