Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Благодарност до градоначалникот и Совет на Општината од Мото клуб “Мечки”- Куманово

Градоначалникот на Општината и претседателката на Совет денеска остварија средба со претставници на Спортското здружение на мотоциклисти Мото клуб “Мечки”- Куманово. Средбата се одржа по повод одржаниот дводневен “Bears moto rock fest” на спортскиот аеродром Аџитепе, поддржан од општина Куманово. На средбата беа доделени благодарници на градоначалникот Димитриевски и на Советот на Општината за континуираната поддршка во беспрекорната организација и одржување на оваа традиционална музичка манифестација. И оваа година повеќето рок бендови од земјава и соседството понудија богата музичка програма, на задоволство на многубројната публика.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст