Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Боксерскиот клуб “Куманово 84” со златен медал на Балканското првенство

Градоначалникот на општина Куманово денеска оствари средба со боксерот Бајрам Мамутовски од БК “Куманово 84” и неговиот тренер Самет Салиевски, кој освои златен медал на Балканското првенство за јуниори и младинци во Валчеа, Романија.

На средбата градоначалникот Максим Димитриевски му честиташе на Мамутовски за освоениот златен медал, со кој се закити младиот боксер во категорија до 48 килограми. Тој се бореше во конкуренција на 120 боксери од околу 14 држави.

Муратовски годинава освои сребрен медал на меѓународен турнир во Бања Лука, а беше прогласен за најдобар боксер на турнир во Лесковац и на турнирот “Мирослав Петровиќ” во Куманово. Тој е актуелен првак во државата во неговата категорија.

Општина Куманово ќе продолжи во континуитет да го поддржува неуморниот труд на нашите млади спортисти, кои редат значајни резултати на интернационално ниво.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст