Детски ликовен камп АСНОМ
Денеска по тринаесетти пат се одржа Детски ликовен камп „АСНОМ“. Оваа година учество зедоа оклу триесет и пет учесници од основни училишта од градот, Центарот за лица со попреченост „Порака Наша„ и Дневен центар за лица со попреченост – Куманово. Детскиот ликовен камп кој траеше четри дена, го затвори претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска. На затворањето на сите учесници им беа доделени благодарници за учество. Кампот е во организација на Градоначалник и совет на општина Куманово.