Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работилница за дефинирање на приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени за Општина Куманово.

Денеска се одржа консултативната работилница за дефинирање на приоритетните сектори и мерки за адаптација и ублажување на климатските промени за Општина Куманово. Свое обраќање на работилницата имаа професри и експерти, кои ги презентираа резултатите од проценката на климатските ризици и ранливости на општината за секторите: водни ресурси, шумарство, земјоделство, здраство и економски развој.Оваа работилница е дел од проектот ЕУ за енергетска транзиција, спроведуван од страна на  GIZ во Западен Балкан и  Централна агенција за управување со проекти (CPMA) од Турција.

Како дел од овој проект е  потпишан и меморандум за соработка, според кој е формирана локална работна група за подготовка на Акционен План за одржлива енергија и клима (АПОЕК) со релевантни лица  од општината и локалните институции.

Во рамките на процесот на изработка на Планот за одржлива клима и енергија на Општина Куманово, се изработија и анализите на климатските ризици, ранливоста и инвентарот на стекленички гасови на Општина Куманово. Во моментов се работи на идентификација на приоритетни мерки за климатска адаптација и ублажување/митигација, кои ќе бидат дополнително анализирани во процесот на финализација на Планот за одржлива клима и енергија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст