,,Дијалози за работата на полицијата во заедницата”
Во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии, денеска во Општина Куманово се одржа регионална средба, на која се дискутираше за транспарентноста и отчетноста на полицијата во локалните заедници, во рамки на Североисточниот плански регион.
На настанот присуствуваа претставници од општинските администрации на Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка, претставници од полицијата, медиумите и граѓански организации.
Главна цел е подобрување на комуникацијата меѓу засегнатите страни, односно полицијата и разните цивилни локални и национални субјекти.
Дискусијата резултираше со предложени практични решенија и препораки за подигање на свеста околу потребите и предизвиците на демократско полициско работење, во соработка со граѓаните.
Во име на Општина Куманово, за актуелните теми и состојбата во СВР, зборуваше претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, која потенцираше дека постои простор за подобра соработка и комуникација, меѓу институциите во регионот.