“Младинска акција за чист воздух” – проект
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Со потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово, застапувана од градоначалникот Максим Димитриевски и Центар за климатски промени – Гевгелија, застапуван од претседателката Бојана Станојевска Пецуровска, започна реализацијата на проектот “Младинска акција за чист воздух”.
Проектот го спроведува Центар за климатски промени, во соработка со UNICEF и финансиска поддршка од Владата на Кралството Шведска.
Примарна цел е градење на капацитети на младите за лобирање, застапување и поттик за кревање глас во борбата за почист воздух на локално ниво.
Првата работилница се одржа денеска, во организација на Сектор за образование и Одделение за животна средина при Општината, во просториите на ЦИД – Куманово.