Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Довидување полуматуранти” – прослава во ООУ Карпош – с.Умин Дол

Во организација на Општински совет за детско престапништво и отсек за превенција на СВР Куманово, денеска во ООУ “Карпош” – с.Умин Дол, се одржа музички хепенинг посветен на ученици кои завршуваат деветто одделение. Манифестацијата “Довидување полуматуранти” беше проткаена со музички настап, ора, песни и рецитал. На успешните ученици, кои дале посебен придонес во училишните активности, им беа доделени признанија. На настанот покрај ученици, учествуваа родители, претставници на Совет на родители и членови на Општински совет за превенција на детско престапништво, кои пред присутните ја потенцираа важноста од превенција на оваа се поприсутна појава во општеството – детско престапништво. Присуствуваа членови на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст