Регионален ХАБ на Западен Балкан – зајакнување на локални превентивни механизми
Во Куманово се одржува дводневен настан на кој учествуваат претставници на локалната и централната власт, засегнати страни на граѓанското општество од општините Куманово, Прилеп, Гостивар, Тетово, Струмица и Кисела Вода (Скопје), со цел да ги зајакнат политиките, програмите и структурите во РСМ, за поуспешно справување со појавата на омраза, екстремизам и поларизација. Работилницата е под покровителство на Мрежата на силни градови, во партнерство со Општина Куманово, каде е формиран првиот Акциски тим во заедницата (АТЗ), кој работи на зајакнување на социјалната кохезија и отпорноста на заедницата кон екстремизмот. Истовремено ги потикнува и на младите во повеќе општини во државата. Работата на Мрежата на силни градови во РСМ е поддржана од Стејт департментот на САД. Поздравно обраќање на денешната сесија, имаа раководителот на Регионалниот ХАБ на Западен Балкан, Милош Богичевиќ, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Златко Апостолски.