Генералка викенд – по трет пат во Куманово
Денешната еколошка акција – Генералка викенд, во организација на Man and Mountain LLC – Австрија, се одржува по трет пат во нашата земја, во која се вклучени повеќе општини.
Партнери на овој проект се Пакомак, Нула отпад, Скопска Пивара, Црвен крст и институции од општините кои се опфатени со оваа акција.
Еколошките активности во Куманово се изведуваат на локациите СОУ Гимназија “Гоце Делчев” и СОУ “Перо Наков”, во соработка со Општината и ЈП “Чистота и зеленило”.
Учествуваат претставници од општинската администрација, волонтери на Црвен крст и НВО, екипи од ЈП “Чистота и зеленило”, ученици од средните училишта каде се изведуваат активностите, граѓани доброволци и др.
Целта на оваа еколошка акција е подигање на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпад, со што би се подобриле условите за зачувување на животната средина.