Тематска дискусија со младите – панел во организација на Europe House Крива Паланка
Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа и европските вештини, денеска во Занаетчиски дом – Куманово, се одржа панел дискусија со акцент на иднината на електро – техничките професии.
На трибината учествуваа ученици и наставници од ОСТУ “Наце Буѓони” – Куманово.
Идните електро – техничари и програмери од ОСТУ “Наце Буѓони” и СОУ “Ѓорче Петров” – Крива Паланка, одржаа презентација на експериментални пронајдоци.
Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово.