Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Голманот Столе Димитриевски на прием во Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски заедно со секретарот Александар Гелевски и раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ остварија пријателска средба со “гордоста на градот”, истакнатиот репрезентативен фудбалски голман, Столе Димитриевски. Кариерата ја започнува во родниот град, во клубот на “Куманово  Еуроспорт”, а интернационалната кариера ја гради во повеќе европски клубови.
Во моментот е член на фудбалската екипа на Валенсија, во Шпанија.
Репрезентативниот дрес го носи од 2015 година, забележувајќи околу 70 настапи.
Особено се истакнува на фудбалското ЕУРО 2020 година, со своите маестрални одбрани.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст