Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Димитриевски учествуваше на дебата за национална развојна стратегија

Денеска се одржа тркалезна маса на тема “Значењето на локалната самоуправа и регионалниот развој” – дел од процесот на креирање на Националната развојна стратегија, на која учествуваше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Во дискусијата беа вклучени градоначалници од повеќе општини од земјава, аналитичари и претставници од министерствата, кои главно се осврнаа на клучните предизвици во областа на локалната самоуправа, регионалниот развој и отпорноста на кризи.
Беа утврдени стратешки цели и приоритети, односно обезбедување на функционален и флексибилен систем на локална самоуправа, кој ќе се залага за одржлив и интегриран локален и рамномерен регионален развој и ќе испорачува квалитетни услуги на населението.
Препораките и идеите од денешната дебата ќе бидат соодветно разгледани и анализирани, како би можеле да се имплементираат во Националната развојна стратегија.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст