Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Куманово во најдобрата група институции за активна транспарентност според Центарот за граѓански комуникации

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека Општина Куманово повторно се наоѓа во најдобрата група институции со многу добра активна транспарентност со индекс од 95.8%, значително подобрувајќи ја транспарентноста во изминатите години според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

„Ја потврдуваме нашата континуирана заложба за искрен и отворен пристап кон граѓаните. Општина Куманово се наоѓа на 11-та позиција од вкупно 98 рангирани институции во Македонија, а воедно поседува највисок индекс на активна транспарентност од сите општини во североисточниот плански регион. Продолжуваме посветено, отчетно и транспарентно да работиме за граѓаните на Куманово“, истакнува Димитриевски.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст