Градоначалникот на средба со претседателот на Боксерски сојуз на Р. Србија
Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски денеска оствари средба со Ненад Боровчанин, претседател на Боксерски сојуз на Р. Србија и Фатон Салиху, претседател на Национална боксерска федерација на Македонија. На средбата присуствуваа и претставници на претседателството на Боксерски клуб Куманово. Повод за оваа значајна средба е одржувањето на Меѓународното првенство во бокс “Опен Балкан” на ниво на Србија, Македонија и Албанија. Ова спортско натпреварување во нашата држава ќе се одржи на 7 октомври во СОУ “Перо Наков”- Куманово, со поддршка на Боксерски сојуз на Србија и општина Куманово. Тема на дискусија беше и претстојното учество на Боксерски клуб Куманово во регионалната лига, во која ќе учествуваат спортисти од поранешните југословенски простори. Купот “Отворен Балкан” има значајна улога во придонесот за развој и зајакнување на спортската дисциплина бокс на Балканот.
.