Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

И З В Е С Т У В А Њ Е

Секторот за даноци и такси при општина Куманово ги известува сите даночни обврзници дека во наредниот период ќе се врши дистрибуција на Опомени за неплатени даночни долгови, по основ данок на имот за правни лица за 2023 година и долг по основ утврдена комунална такса за назив на деловна просторија за 2023 година. Граѓаните се должни да постапат по истите, односно во дадениот рок да ја измират обврската, во спротивно ќе се постапи по законските одредби и ќе се врши присилна наплата.

Се известуваат граѓаните – даночни обврзници дека сеуште е во тек дистрибуција на Решенијата за данок на имот за физички и правни лица за тековната 2024 година, од страна на дистрибутерот АД за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија.

Во случај даночниот обврзник веќе да ја има подмирено даночната обврска, односно го платил утврдениот данок за имот, применото Решение да не се зема предвид.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во просториите на Секторот за даноци и такси при општина Куманово, спроти градскиот стадион во поранешна зграда на ,,Козјак,, и тоа секој работен ден во период од 9:30 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 часот, како и на следнава меил адреса [email protected].  

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст