Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Информација за одобрени проекти од програмата ReLOaD2

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 ја финансира Европската Унија, а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Станува збор за иницијатива чија главна цел е зајакнување на партнерството помеѓу локалните власти и граѓанското општество, на тој начин придонесувајќи за поголемо граѓанско и младинско учество во процесите на носење одлуки.

Општина Куманово аплицираше и е вклучена во  проектот ReLOaD2, односно е корисник  на средства од програмата. Согласно распишаниот повик на сајтот на Општина Куманово од 28/11/202год. со арх број:08 -9407/5, во рамки на ReLOaD2 се поддржаа 4 проекти на кои им се доделени грантови во вкупна висина од 4,148,032.00 денари од кои  871,087.00 денари или 21% се учество на Општина Куманово.

Програмата за ReLOaD2 се имплементира преку Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР.

Информации за одобрени проекти:

           I Назив на проектот:  Уредување, промоција и заштита на Бислимската клисура 

Имплементатори: Здружение Народен Универзитет, ЛАГ АБЕР 2015 и Фондација за развој на мали и средни претпријатија.

Целта на проектот е да се направи поголем број на активности за зголемена туристичка понуда на Бислимска Клисура, нејзина еколошка заштита, учество на локалното население во туристичката понуда, промоција и иновативни техники за дигитализирање на содржините.

Преку проектот ќе се реализираат интервенции  на најпосетуваното излетничко место во Куманово и на тој начин ќе се подобри  туристичката понуда во регионот. Ова  претставува една долготрајна активност, од која овој проект е само дел, а е темелена врз основните заклучоци од Студијата за развој на Бислимска Клисура, издадена од Центар за развој на Североисточен плански регион.

Реализација на проектот ќе придонесе кон зголемување на бројот на посетители за 30%, во следните 5 години.

Целната група е таргетирана врз туристите, пред се, млади авантуристи (домашни и странски) и локалното население. Временска рамка на проектот е 11 месеци.

Популаризацијата на локацијата ќе допринесе за подолг престој на отворено во природата, дружење на младите и  намалување на негативната енергија, а зголемување на здравите навики. Поголемата раздвиженост на туристите во тој регион ќе ги поттикне младите кои живеат таму да инвестираат во алтернативен туризам и други пропратни дејности.

Резултати:

  • Подобрена туристичка понуда на Бислимската клисура.
  • Едукација и инклузивност на локалните чинители во туристичката понуда. Тоа ќе го постигнеме со планираните активности: поставени инфо табли на утврдени локаци, набавена реквизити за движење по  хајкинг стази, видиковец, рампа за качување, огради, одржани еко акции, маркирани нови патеки, најмалку 2 куќи прилагодени за сместување на туристи како и веб портал за Бислим.
  • Дигитализирање на културно наследство во клисурата (augmented reality за лок. Градиште, Бислим) една апликација со qr код.

Вредност на проектот: 1.723.332,00 денари

II Назив на проектот:  Жени за одржлив економски развој преку рурален туризам

Имплементатори: Здружение за поттикнување на локален и рарален развој Ума Сто и Здружение за креативен одржлив развој Дива перуника Скопје

Цели на проектот се:

  • Актуелизирање на руралниот туризам меѓу жените од селските средини во општина Куманово.
  • Зголемена поврзаност на руралниот туризам како дел од туристичката понуда на Општина Куманово.
  • Подобрен капацитет на руралните жени за промоција на руралниот туризам;

Директни корисници на проектот се жители  на селата: Умин Дол, Ново Село и Пчиња, кои според последниот попис заедно бројат 1400 жители. Посебен акцент се става на жените кои се невработени, а дел од нив никогаш не биле евидентирани како баратели на работа. Како директни корисници ќе бидат вклучени 30 жени и 10 мажи од Умин Дол, Ново Село и Пчиња кои се невработени или им е потребен дополнителен приход. Целната група  има потреба од обука и менторство за стекнување со основни познавања од областа на рурален туризам.

Во групата жени ќе бидат вклучени најмалку една жена со физичка попреченост и најмалку една жена со интелектуалан попреченост за да се стави акцент на инклузивноста. Понатаму, земајќи го предвид фактот дека овие села се со мешана етничка припадност – Македонци и Срби – ќе бидат вклучени припаднички и припадници од двете групи подеднакво.

Во склоп на проектот ќе бидат реализирани следниве активности: Обука за услуги во руралниот туризам, посета и размена на искуства со селско домаќинство Вила Елена,  менторска поддршка за креирање на нови туристички производи, маркација и ГПС запис на велосипедска патека помеѓу селата Умин Дол и Пчиња како и обука за дигитален маркетинг и социјални мрежи.

Резултатит:

  • Руралното население е обучено за работа во руралниот туризам.
  • Руралниот туризам овозможува нови вработувања и остварување на дополнителен приход за руралното население.
  • Новокреираната понуда на рурален туризам е поврзана со постоечката понуда на Општина Куманово преку постоечки патеки за активен туризам.
  • Руралните домаќинства се обучени да вршат промоција на својот туристички бизнис.

Вредност на  проектот: 542.150,00 денари

III Назив на проектот: Планинарска инфраструктурна основа за туризам и здрави навики

Имплементатори: ЗПЗП Козјак 2013 Куманово

Цел на проектот e:  Воведување на нови туристички можности и подобрување на квлатитетот на производите  и услугите за адреналински туризам или активности на отворено во Општина Куманово

Целна група во проектот се 15000 млади лица од Општина Куманово  како и останатите категории граѓани кои сакаат да спортуваат на отворено и да  поминат време во природа. Проектот е во времетраење од 11 месеци и се очекуваат следниве резултати:

  • Идентификувани, систематизирани и уредени 30km планинарски патеки, преку: патоказни табли, информативни табли, Кнафелцови ознаки и земни лентнови ознаки.
  • Обезбедени услови за адреналински туризам – болдер карпа на отворено.
  • Едуцирирани над 2000 ученици за основите во планинарството и зголемена мотивација за поврззаност на младите со природата.
  • Организирани планинарски акции и еколошки тири ( на една тура по 50 ученици или вкупно 500 лица во природа).
  • Засадени 1500 садници.

Вредност на  проектот: 1,337,800.00 денари

IV Назив на проектот: Спортски можности за сите

Имплементатори: Спортски младински клуб Динамик и Планински велосипедски клуб Оксижендшк

Цел на проектот е да се овозможи на лицата со попреченост да учествуваат во рекреативни спортски активности со цел подобрување на квалитетот на нивниот живот низ примена на нови, иновативни идеи за учење и унапредување на нивното ментално и физико здравје.

Целна група во проектот: Лиза со попреченост од различни возрасни категории , кои не се дел од спортски клубови и се исклучени од спортски активности како и деца со потешкотии во развој и развојна дисфазија од школска и предшколска возраст.

Проектот ќе се реализира во период  од 8 месеци.

Резултати од проектот:

  • Воспоставена соработка помеѓу Центар за лица со попреченост и училиштата, со цел подобрен квалитет на живот и здравствена состојба на лицата со попреченост.
  • Поттикнати лица со попреченост во учество во спортски активности на сите нивоа.
  • Подобрен квалитетит на живот и здравствена состојба на лицата со попреченост.
  • Социјализирање и инклузија на лица преку професионално оспособување преку корустење на набавена опрема.

Вкупна вредност на проектот: 544,750.00 денари

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст