Изестување за авионско прскање против возрасна форма на комарци
Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојното авионско прскање против возрасна форма на комарци, кое ќе се изврши на 16 јуни 2024 год. (недела), во раните утрински часови, во временски период 05:00- 08:00 часот.
Прскањето ќе се реализира на територијата на Општината: по течение на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол и Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителната станица ЈП Водовод – с. Доброшане, со биоцидниот производ КULFAK 50 EC.
Се известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Доколку временските услови се неповолни, прскањето се одложува за нареден ден.