Промоција на здружението “Граѓански форум”- Куманово
Слоганот “Од граѓаните, за граѓаните” е мото на здружението “Граѓански форум” – Куманово, кое вечерва ја имаше својата промоција, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации. Иницијатива за формирање на Здружението потекнува од истакнати јавни личности, кои во текот на својот работен век дале придонес во општественото живеење и се подготвени да креираат нови идеи и проекти во интерес на граѓаните. Здружението “Граѓански форум” е спој на повеќе генерации и личности од разни професии. Оваа иницијатива беше поддржана и од градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, кој присуствуваше на вечерашната конститутивна седница и имаше свое обраќање. За претседател на Здружението е избран Симеон Гелевски, потпретседатели Зафер Сулејмани и Мартин Димковски, секретар Марјан Стошевски и 17 членови на управен одбор. Во септември оваа година, закажана е нова средба на која треба да се усвои предложената програма за работа на “Граѓански форум”.