“Мајка: извор на љубов и спокој” – детска ликовна колонија
Детска ликовна колонија “Фрагменти од мојата фантазија”, се одржа денеска во ООУ “Магдалена Антова” – Куманово, во организација на Здружението за култура и заштита на животната средина – Натуро.
Манифестацијата е интеракција помеѓу уметноста и екологијата и посветена е на празникот 8 Март, денот на жената.
Делата се изработени од еколошки материјали и имаат за цел да ги едуцираат, поттикнат одговорност, односно да ја развиваат еколошката свест кај младата популација.
Настанот е дел од програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2024 година.
Присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставници од општинската администрација.