Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Мали, но големи пеачи”- музичка вечер

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Публиката во салата на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, вечерва имаше можност да присуствува на музичка манифестација, во организација на Асоцијацијата за култура и уметност МУЛТИ АРТ и ТВ Плус.
Проектот е реализиаран со поддршка од Секторот за култура при Општина Куманово.
На сцената настапија 17 талентирани интерпретатори на возраст од 5 до 15 години, од Куманово, Кратово и Крива Паланка, кои се претставија со песни од разни музички жанрови.
Секоја изведба беше придружувана со кореографија од балетските студија на УЛТРА, МАК, FUSION, SKILL FACTORY и танцовиот клуб Динамик.
На културно – уметничкиот настан присуствуваа претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст