Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Маскенбал “Батко Ѓорѓија” 2023

Утре (06.05.2023) со почеток во 11:00 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи Маскенбалот “Батко Ѓорѓија”. На маскенбалот се пријавени околу триесет (групни и индивидуални) маски кои ги сочинуваат вкупно 800 учесници. Во 10:00 часот ќе започне неофицијалниот дел од програмата – дефилирањето низ улиците во градот. Во 11:00 часот, како и секоја година, на Градскиот плоштад ќе се одржи маскенбалот и маските поединечно со дефиле и музичка придружба ќе се претстават пред публиката. Годинава, за прв пат, маскенбалот ќе има ревијален карактер, а сите учесници ќе добијат благодарница за учество.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст