Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓуопштинска средба за вмрежување и соработка на Локалните економско – социјални совети

Работна средба за вмрежување на Локалните економско –  социјални совети – ЛЕСС од општините Куманово, Битола, Струга, Тетово, Гостивар, Штип, Ресен, Кавадарци и Свети Николе, се одржа денеска во Општина Куманово, во организација на Младински културен центар – Битола, во соработка со Општината и ЛЕСС Куманово.
Целта на оваа средба е популаризација на работата на ЛЕСС во локалната заедница и создавање на можности за меѓусебно запознавање на членовите на ЛЕСС, поблиску да се запознаат со локалните проблеми на општините и локалниот контекст во кој функционираат.
На средбата беа разменети практики и искуства кои би иницирале можна соработка во иднина, по примерот на еден од најактивните и најуспешните ЛЕСС – Куманово.
Активноста се реализира во рамките на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата”, со поддршка на Меѓународниот центар – Олоф Палме од Шведска.
Дел од работниот состанок, беа претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст