Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

,,Моето село низ објектив” – изложба на фотографии

Завршна манифестација од проектот “Моето село низ објектив”, во организација на Здружението на жени – “Коло на српските сестри”, со поддршка на Општината, се одржа денеска во Занаетчиски дом – Куманово.
Во проектот учествуваа пет општински основни училишта: “Вера Которка” – с.Клечовце, “Браќа Рибар” – с.Табановце, “Карпош” – с.Умин Дол, “Кирил и Методиј” – с.Романовце и “Кочо Рацин”ПУ – с.Орашац.
Учениците заедно со наставничкиот кадар од овие училишта, на креативен начин, преку фотографии ги презентираа убавините на нивната околина.
На културно – уметничкиот присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово со претставници од општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст