Промоција на книгата “Мрежата на Абвер на Балканот”
Денеска во Куманово, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, се одржа промоција на книгата “Мрежата на Абвер на Балканот”.
Ова дело е создадено од тројца автори, проф. Иван Бабановски, проф. др Самуел Колономос Садикарио и дипл. ликовен уметник Мартин Димковски Бабагинин, кој воедно го изработил и графичкиот дизајн на корицата на книгата.
Насловот на оваа книга – проект се однесува на разузнавањето, односно информацијата. Тема е нацизмот, деструктивната идеологија која ја уништува вербата во човекот, продолжува да егзистира и затоа треба да се проучува, за да се заштитат идните поколенија.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.