МОС сертификати за најдобрите ученици
Денеска во општина Куманово како дел од проектот за унапредување на дигитална писменост на младите од 13 до 22 години,беа доделени МОС сертификати (Microsoft Offece Speciallist) на ученици од основни и средни училишта од градот.
Од извршени педесет тестирања на општинскиот натпревар, шест ученика од нашата општина земаа учество на националниот МОС натпревар.Натпеварот е во организација на CertiAdria преку тестинг центар E-НЕТ. Ученикот Леонид Петковски од ОСТУ ,,Наце Буѓони’’освои прво место со што се стекна со можност да се натпреварува на светскиот МОС натпревар во Орландо, Флорида – САД. Oпштина Куманово веќе петта година дава финансиска поддршка на овој проект и по тој повод денеска секретарот на општината,претседателот на Советот на општината и претставници од ИТ одделението имаа средба со наградените ученици,нивните ментори и организаторите.