Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Награди и признанија на најдобрите ученици – првенци на генерација од основните и средните училишта

Во чест на 24 Мај – Ден на словенските просветители Кирил и Методиј, денеска беа доделени награди и признанија на најдобрите ученици – првенци на генерација од основните и средните училишта во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане за учебната 2022/2023 година. Свое обраќање на настанот имаа Градоначалникот, претседателот на Совет и  претставник од здружение на просветни работници од Куманово.По што на првенците на генерација, како најзаслужни ученици им беа доделени признанија, монети со позлата и ваучери. Овој настан кој е во организација на  Здружението на просветни работници – Куманово и Општина Куманово преку Секторот за образование, беше збогатен со културно-уметничка програма.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст