Најмасовната еко акција – Генералка викенд по четврти пат во Куманово
На локалитетот Спомен костурница, денеска беше реализирана еколошката акција Генералка викенд, дел од проектот на организацијата Man and mountagne LLC – Австрија, во соработка со Општина Куманово.
За почиста животна средина, свој придонес дадоа учесници од општинските основни и средни училишта, граѓански здруженија, институции и претставници од општинската администрација, со поддршка на ЈП Чистота и зеленило – Куманово.
Партнери на проектот се Пакомак, Пивара Скопје, ЕВН, Нула отпад, Црвен крст, Бимилк, Макстил и други компании и институции, кои се опфатени со оваа еколошка акција.