Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележан 6 Април – ден на загинувањето на авијатичарите

Во организација на регионалниот одбор на Српска заедница во Македонија, традиционално беше одбележан 6 Април, денот на бомбардирањето на аеродромот во близина на Куманово, односно денот кога била нападната војската на Кралството Југославија од страна на Германија во 1941 година, што воедно го означува почетокот на Втората светска војна.
Историскиот датум, пригодно беше одбележан пред споменикот на осумте загинати авијатичари на ул.Никола Тесла, каде бројни делегации на институции, невладини организации и политички партии во знак на почит и благодарност положија свежо цвеќе.
Од име на Општина Куманово, делегацијата ја сочинуваа секретарот Александар Гелевски и членовите на Советот на Општината, Лидија Костиќ и Зоран Јовановски.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст