Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележани 77 години од постоење на УОМО “Панче Пешев” – Куманово

На сцената на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, со свечен концерт беше одбележан патрониот празник на училиштето за основно музичко образование “Панче Пешев” Куманово.

Пригодната програма која беше подготвена од учениците и наставниците, беше составена од интерпретација на познати музички класици, популарни дела од светски автори, хорски настап и соло изведба.

Дел од публиката беа претставници од општинската администрација и членови на Советот на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст