„Спорт да, дрога не”
Денес во ООУ “Наим Фрашери„ се одржа манифестацијата „Спорт да, дрога не„. Настанот е во организација на СВР Куманово, Отсек за превенција и Општинскиот совет за превенција на детско претприемништво, а во соработка со ООУ “Наим Фрашери„. Целта е да се даде поддршка на полуматурантите да го продолжат своето образование без ризици кои водат кон детско престапништво. На полуматурантите им се обрати директорот на училиштето и претставници од Општинскиот совет за детско престапништво, кои им посакаа многу успех и среќа во понатамошното образование. Настанот беше збогатен со културно – уметничка програма, а полуматурантите одиграа и ревијален фудбалски меч.