Одобрени 115 предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2024 година
Денеска во Општина Куманово, овластениот раководител на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на деца и здравствена заштита, Александар Крстевски, подели дел од потпишаните 47 договори за меѓусебни права и обврски, врз основа на завршениот Јавен повик за прибирање на предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2024 година.
Одобрени се 115 решенија, од вкупно поднесени 151 предлог – проекти, од страна на здруженија, фондации, јавни установи и други правни лица, за кои Општината има издвоено буџет од 20 000 000 денари.
На средбата беше нагласен транспарентниот начин на распределбата на буџетските средства на Општина Куманово.
Се водеше сметка за опфаќање на субјекти од сите националности, здруженија основани од женската популација, младинските клубови итн.
Основна цел на Програмата за културни манифестации, е промоција на културата и чување на традиционалните вредности во сите уметничките правци.
На настанот присуствуаа претседателката на Советот на Општината и членови на комисијата, која одлучуваше за избор на предлог – проектите, за Програмата за култура 2024 година на Општина Куманово.